Манчестер јунајтед донесе очекувана одлука и го суспендира англискиот репрезентативец Мејсон Гринвуд, по грозоморниот чин и претепувањето на неговата девојка Хериет Робсон.
„Мејсон Гринвуд нема да тренира и да игра натпревари за Манчестер јунајтед додека не биде завршена истрагата и случајот биде комплетно разрешен“, објавија Црвените Ѓаволи.
Робсон, која е девојка на фудбалерот на Манчестер јунајтед, објави фотографии на кои се гледа дека има крв на лицето и модринки по телото, и тврди дека била нападната од нејзиното момче.
https://twitter.com/TrickyRichieSzn/status/1487686607440596993?s=20&t=5PmTBqDkvB0LJc1344eWLQ
Хериет објави и аудио снимка на која се слуша како таа и 20-годишниот Гринвуд се караат бидејќи тој сака да имаат секс, а таа одбива.
A woman called Harriet Robson, who is reported to be going out with Man United’s Mason Greenwood, has posted shocking images & audio on her Insta Stories
Warning: very distressing pic.twitter.com/TNuxrvKa6N
— Victoria Derbyshire (@vicderbyshire) January 30, 2022
„Еве сите нека видат што ми прави Мејсон“ – напиша девојката.
To the people saying “there’s two sides to every story. Tell me, from these photos and that audio clip, what makes you think you would need to hear any other side but hers? Get Mason Greenwood to fucking prison. pic.twitter.com/55eCUNgFRW
— ihatepeopleee (@myshitpostblog) January 30, 2022
Потоа следеше уште едно соопштение и Црвените ѓаволи одлучија да го суспендираат репрезентативецот на Англија, кој се соочува и со казна затвор, ако истрагата потврди дека ја претепал својата девојка.