0.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Манчестер јунајтед сака да доведе голман кој има вредност како некои од играчите во македонската лига

Манчестер јунајтед е подготвен да купи голман кој воопшто не е познат на пошироката спортска јавност. Се работи за јапонскиот голман Зион Сузуки, за кого е испратена ифицијална понуда.

Во Манчестер јунајтед уште не е јасно дали Давид де Хеа ќе остане во клубот или ќе си замине. Прва опција за замена на Де Хеа е Андре Онана од Интер, а Сузуки исто така е во комбинација.

Според многумина, многу е чудно како Сузуки влезе во опција за голман на Манчестер јунајтед затоа што тој е резерва во јапонскиот тим Урава. Сузуки има 20 години и сезонава имал само пет настапи и тоа само во Купот, затоа што првиот голман на Урава, Шусаку Нишикава е незаменлив.

Според последните процентки на Трансфермаркт, вредноста на Сузуки се проценува на 250.000 евра, а Манчестер е подготвен да плати 5 милиони евра за неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести