Манчестер јунајтед сака да го доведе Чалханоглу на „Олд Трафорд“

Манчестер jунајтед официјално испратил прашање до Интер за статусот на турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу, со цел да му го „украде“ трансферот пред носот на Галатасарај. Црвените ѓаволи се вклучиле во трката за играчот, каде конкуренција им се Фулам и турскиот гигант, а интерес покажуваат и неколку клубови од Саудиска Арабија.

Каква е ситуацијата со Чалханоглу? Галатасарај го сака, но моментно не може да понуди повеќе од 15 милиони евра. Интер, пак, бара износ блиску до 40 милиони евра. Манчестер јунајтед и Фулам неодамна контактирале со агентите на играчот, по претходен интерес и на клубови од Саудиска Арабија.

Интер цврсто стои на својата проценка за Чалханоглу и не е подготвен да го пушти за пониска сума, што најверојатно ќе го исклучи Галатасарај од битката. Сепак, фудбалерот за врска изрази желба да се врати во Турција и да го облече дресот на Галатасарај, но е отворен за други опции.

Минатата сезона, Чалханоглу настапи на 47 натпревари за Интер, беше клучна фигура во пласманот во финалето на Лигата на шампионите и во борбата за титула во Серија А, каде Интер заврши на второто место зад Наполи.


По четири години поминати во Милано, 30-годишниот играч од средниот ред изгледа е подготвен за нов предизвик.

- Оглас -

Најнови вести