Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед размислува да го продаде данскиот напаѓач Расмус Хојлунд на Наполи за време на зимскиот трансферен прозорец.
Според извори од „Олд Трафорд“, клубот се надева да добие околу 43 милиони евра за играчот и да ги употреби во надградба на тимот на Рубен Аморим.
Позајмицата во Наполи моментно вклучува клаузула за откуп од 44 милиони евра на крајот од сезоната, но Црвените ѓаволи сакаат трансферот да се заврши што е можно побрзо. Се очекува разговорите меѓу клубовите да започнат во наредните недели.
Хојлунд оваа сезона одигра 12 натпревари за Наполи и за репрезентацијата на Данска, постигнувајќи осум гола, запишувајќи една асистенција и покажувајќи солидна голгетерска форма.

