Манчестер јунајтед е заинтересиран за дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенжаман Павар.
Јунајтед го продаде Хари Мегваер на Вест хем по што менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, и порача на управата да тргне по потписот со дефанзивецот на Баерн Минхен.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1690369063543783424?s=20
Договорот на Павар со Баерн Минхен истекува идното лето и францускиот репрезентативец и порача на управата на германскиот шампион дека нема да потпише нов договор и дека сака нов предизвик поради што шансите Павар до крајот на преодниот рок да се пресели на „Олд трафорд“ се повеќе од реални.