Една од екипите во која се очекува голем број на промени ова лето е Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ веќе размислуваат за трансферите, а голема трампа се подготвува со екипата на Барселона.
Френки де Јонг е една од желбите на сер Јим Ретклиф, но Барселона за него бара 77.5 милиони фунти, а Манчестер јунајтед и не е баш расположен да плати толку. Понудата на Јунајтед е трампа Де Јонг за Бруно Фернандеш плус 17 милиони фунти на сметката на „каталонците“.
Од Каталонија се уште нема одговор на оваа понуда, но капитенот на Манчестер јунајтед нема ништо против да се пресели во Барселона, дури и би прифатил и помала плата само за да игра за „каталонците“.
Френки де Јонг и Ерик тен Хаг соработуваа во Ајакс, но се уште не познато дали холандскиот тренер ќе остане на клупата на Манчестер јунајтед и следната сезона или летово ќе си замине.