Манчестер јунајтед се активира на пазарот и договори засилување вредно 47 милиони евра

Манчестер јунајтед по завршување на сезоната, прво што направи, го смени тренерот. Ерик тен Хаг, кој го водеше Ајакс, седна на клупата на англискиот гигант и се чекаше на првиот договор за нов играч во следната сезона.

Не е изненадување што Тен Хаг реши засилувањата за Црвените ѓаволи да ги бара во Ајакс, тим со којшто оствари одлични резултати. Бразилскиот репрезентативец Ентони конечно е договорен да биде нов играч на тимот од „Олд Трафорд“, и тоа за сума од 47 милиони евра.

Ентони е млад, 22-годишен офанзивец кој блесна во дресот на Ајакс откако во 2020 година пристигна од тимот на Сао Пауло. Благодарение на добрите игри, Ентони се стекна и со статус на репрезентативец на Бразил, што е само уште еден доказ за каков квалитет се работи.

- Оглас -

Најнови вести