Манчестер јунајтед се доближи до финалето на „Вембли“

Манчестер јунајтед е со една нога во финалето на англискиот Карабао лига куп откако вечерва на гости го совлада Нотингам форест со 3-0. Реваншот е на 1 февруари на „Олд Трафорд“.

Финалето е закажано за 26 февруари на „Вембли“ во Лондон, а како што стојат работите по првите мечеви, најреално е во финалето да се сретнат Манчестер јунајтед и Њукасл.

Црвените ѓаволи немаат освоено никаков трофеј уште од 2017 година, кога беа победници во Лигата на Европа. Ова е најсушен период за клубот во последните 40 години и сакаат да го прекинат постот.

Стрелци за Манчестер вечерва беа Маркус Рашфорд, кој продолжи да решета и да потврдува дека е во голема форма, новото засилување Вут Вегхорст, за кого ова е прв погодок во дресот на Јунајтед, и Бруно Фернандеш, кој ја запечати судбината на Шумарите.

- Оглас -

Најнови вести