Раководството на Манчестер јунајтед направило обид да го врати Конор Галахер во Англија. Во последните 48 часа од летниот трансфер прозорец, Црвените ѓаволи се обиделе да го позајмат играчот за врска на Атлетико Мадрид, но биле одбиени од шпанскиот клуб.
Претходно летово сличен обид имаше и Кристал палас, но Атлетико Мадрид веднаш ја одби понудата.
Минатата сезона, Галахер настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања за тимот на Диего Симеоне. Тој започна како стартер во првиот круг од новата сезона, додека во следните два натпревари настапи како резервен играч.
Шпанските медиуми јавуваат дека Атлетико Мадрид би се разделил со Англичанецот само доколку стигне понуда од околу 40 милиони евра.