Најтрофејниот англиски тим, Манчестер јунајтед, доживеа убедлив пораз од 3:1 на подготовките во САД и тоа од четвртолигаш. Подобри од Црвените ѓаволи беа фудбалерите на Рексам, тим кој пред две години стана вистински хит откако беше купен од познатите актери Рајан Рејнолдс и Рок Мекелнени.
Иако менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, настапи со подмладен тим, за Рексам беше ова беше историска победа која скапо ја плати. Напаѓачот на Рексам, Пол Мјулин заработи повреда по судирот со голманот на Јунајтед, Нејтан Бишоп. На фудбалерот долго му се укажувапе лекарска помош, а медиумите шпекулираат дека станува збор за повреда на белите дробови.
Manchester United vs Wrexham goal highlight.
Man united 1-3 Wrexham pic.twitter.com/wMu2zMNPXB
— FansArena (@FansArena4) July 26, 2023
Мјулин пред неколку години беше назаслужен што Кембриџ се пласира во третата англиска лига, а се пресели во петолигашот Рексам кога го купија актерите Рејнолдс и Мекелнени. Тој има големи заслуги што Рексам се пласира во четвртата по квалитет лига во Англија.
Резултатот на натпреварот кој се играше на „Снапдрагон“ стадионот во Сан Диего, го отвори Ли во 29-та минута, а Хејден во 36-та зголеми на 2:0. Во последните моменти од првиот дел, Хурадо намали на 2:1. Конечниот резултат го постави Далби во 69-та минута.