Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд до крајот на овој преоден рок треба да да го облече дресот на Барселона. Најавите се дека Манчестер јунајтед се согласил да го пушти Рашфорд во каталонскиот гигант, и тоа како позајмен играч до крајот на сезоната.
По доаѓањето на Рубен Аморим на тренерската клупа, Рашфорд стана вишок на „Олд Трафорд“, па англискиот клуб веќе некое време бара соодветно решение за него. Како што пишува каталонскиот весник „Спорт“, Барселона и Манчестер јунајтед постигнале договор за негова позајмица до крајот на сезоната.
❗Marcus Rashford has decided to sign for Barcelona. He will wait until the last days of the transfer window for the club.
— @sport pic.twitter.com/p4YXZbDh3z
— Barça Universal (@BarcaUniversal) January 20, 2025
За да се комплетира овој договор, потребно е да ослободи простор за плата на англискиот голгетер бидејќи Барселона има проблеми со финансиската структура. Годишната плата на Рашфорд во Манчестер јунајтед изнесува 18 милиони евра, што значи дека Барселона ќе мора да освои девет милиони евра за една полусезона.
Од Барселона се очекува да си замине Ансу Фати, кој веќе не е во плановите на тренерот Ханси Флик. До крајот на овој месец се очекува и реализација на трансфер на Ерик Гарсија во Жирона. Дефанзивецот на Барселона и на шпанската репрезентација може да замине во Жирона за трансфер од 10 милиони евра.
Girona is offering €7m + €3m in variables for Eric Garcia. Plus the player’s €6m salary. With this, Barcelona would have space that could be used to sign Rashford.
— @sport pic.twitter.com/pOnlO5DsWK
— Barça Universal (@BarcaUniversal) January 20, 2025