Манчестер јунајтед се загреа за хрватската сензација од Ла Лига

Хрватот Лука Сучиќ е една од трансферните цели на Манчестер јунајтед оваа зима. 22-годишниот играч од средниот ред игра одлично во дресот на Реал Сосиедад, кој летово го донесе од Салцбург за 10 милиони евра. Сепак, сега шпанскиот клуб би можел да заработи четирикратно повеќе доколку биде постигнат договор со Црвените ѓаволи.

Новиот менаџер Рубен Аморим инсистира на засилувања во средниот ред, а Лука Сучиќ е една од неговите приоритетни цели.

Сучиќ, кој е роден и израснат во Австрија, досега има одиграно 16 натпревари за националниот тим на Хрватска, но сè уште го чека својот прв гол. Во текот на есента, тој одигра 13 натпревари за Реал Сосиедад и успеа да постигне еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести