5.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Манчестер јунајтед со 50 милиони евра му го краде планираното засилување на Интер?!

Фудбалерот од средниот ред на Рома, Ману Коне, се очекува да биде засилување за Манчестер јунајтед налето. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да ја платат сумата од 50 милиони евра која ја бара „римската волчица“ и да го донесе репрезентативецот на Франција на „Олд Трафорд“.

Рубен Аморим во него гледа одлично засилување за средниот ред и поддршка за Мануел Угарте, кој добива се поголема шанса, но не ги оправдува очекувањата.

Доколку се реализира трансферот на Коне од Рома во Манчестер јунајтед, ќе биде голем удар за Интер, од каде има сериозен интерес, но не се подготвени да платат 50 милиони евра за неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести