Манчестер јунајтед со рутинска победа над третолигашот Виган од 0-2 на гостински терен дојде до пласман во четвртото коло од англискиот ФА куп. За „црвените ѓаволи“ ова беше прв натпревар во новата 2024-та година, што значи дека имаа победнички старт на годината, иако противникот беше далеку од нивото на екипите со кои играат во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед во двете полувремиња постигна по еден погодок. Во првото полувреме предност донесе Диого Далот во 22-рата минута со прекрасен удар.
Конечните 0-2 беа дело на капитенот Бруно Фернандеш од пенал во 74-тата минута.