0.8 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Манчестер јунајтед со специјален подарок му се заблагодари на Бруно Фернандеш (Фото)

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, беше стрелец во победата на Црвените ѓаволи над Челзи (2-1), а тоа за него беше вкупно 100-ти гол во дресот на клубот од „Олд Трафорд“.

Спортскиот директор и тренерот на Манчестер јунајтед денес му врачија специјален подарок по тој повод, фотографија со исечоци од сите негови голови за Црвените ѓаволи.

Португалецот е само 23-тиот фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед кој успеал да дојде до трицифрен број на голови.

- Оглас -

Најнови вести