Манчестер јунајтед сруши негативен рекорд, но може и дополнително да го „подобри“

Манчестер јунајтед во неделата загуби од Вулверхемптон на домашен терен со 0-1 и постави уште еден неславен рекорд. За „црвените ѓаволи“ тоа беше осми пораз оваа сезона на домашен терен во Премиер лигата, што е најлош резултат од сезонава 1962/1963 до денес. Таа сезона на „Олд Трафорд“ загубија девет домашни дуели. Сепак, Манчестер јунајтед до крајот на премиерлигашката сезона треба да одигра уште два меча пред својата публика, против Вест хем и Астон вила, па може да го израмни или надмине рекордот од 1963 година.

Како што изјави и тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, целта ќе биде да се освои Лигата на Европа и така да се дојде до пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, а во домашното првенство ќе играат децата и резервите. Ако нешто може да се смета за позитивно во целата оваа ситуација, е фактот дека Манчестер јунајтед и теоретски си го обезбеди опстанокот во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести