Победи на фаворитите и ефикасно дерби во Бундеслигата е прогнозата на Панче Ќумбев за новиот фудбалски викенд. Има интересни мечеви, а еве го изборот од пет меча на нашиот редовен гостин:
Манчестер јунајтед – Брајтон (сабота, 16 часот)
Конечно го гледаме вистинскиот Манчестер јунајтед. Секоја чест за Оле Гунар Солскјер и неговиот стручен штаб.
Од анемичен и безидеен тим, преку ноќ „црвените ѓаволи“ се трансформираа во машина за победи. Очекувам единица најмалку со три гола на натпреварот.
Предлог тип: 1&3+ (1.88)
Реал Мадрид – Севилја (сабота, 16.15 часот)
Традицијата вели победа на домаќинот, и тоа со доста голови. Во последните единаесет години, Севилја само еднаш го има победено Кралскиот клуб во Мадрид и само еднаш има одиграно нерешено. Затоа верувам во победа на домаќинот, и тоа најмалку со три гола на натпреварот.
Предлог тип 1&3+ (2.30)
Лајпциг – Борусија Дортмунд (сабота, 18.30 часот)
Очекувам фајтерски фудбал од двете екипи и многу голови. Борусија можеби е фаворит, но ова е дерби и според мене, ќе биде неизвесно. Конечниот исход е тежок за прогнозирање, а верувам дека ќе гледаме меч најмалку со три гола на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (1.86)
Монако – Стразбур (сабота, 20 часот)
Ова ќе му дојде како спасување на Монако од моја страна, но, едноставно, мислам дека имаат сила да се спасат од најлошото и да победат на овој натпревар.
Предлог тип: 1 (1.96)
Интер – Сасуоло (сабота, 20.30 часот)
Можеби е за неверување, но Интер на последните четири натпревари на домашен терен против Сасуоло има четири порази. Мислам дека овојпат ќе ја срушат негативната традиција и ќе победат најмалку со два гола во мрежата на гостите.
Предлог тип: 1&Т1 (1.65)