28.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Манчестер јунајтед треба да се плаши од Хари Кејн

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, вечерва за првпат ќе гостува во родната земја во дрес на странски клуб и може да придонесе за елиминација на англиски клуб од Лигата на шампионите.

Кејн како играч на Баерн има гостување на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед, а интересно е дека ова се двата клуба кои се бореа за неговиот потпис летоска. Баварците беа поумешни, а и платија колку што бараше Тотенхем, па гол-машината заврши кај нив.

Статистиката на Кејн против Јунајтед е загрижувачка за Црвените ѓаволи. На последните пет гостувања на „Олд Трафорд“, Кејн има 4 гола и две асистенции. Последниот меч на Кејн на овој стадион беше во јуни, кога со англиската репрезентација ја декласира Македонија со 7-0. Тогаш Хари даде два гола.

- Оглас -

Најнови вести