Манчестер јунајтед во јануарскиот преоден рок ќе атакува на потписот на Доминик Калверт-Луин, англсикиот напаѓач на Евертон кој сезонава блеска под палката на Анчелоти.
Моментално еден од најопасните голгетери во Премиер лигата е голема желба на менаџерот Оле Гунар Солскјер, во кого гледа долгорочно решение на позицијата „деветка“. Сепак, за евентуалниот ангажман на „англискиот Инѕаги“, Црвените ѓаволи ќе треба да потроши дури 89 милиони фунти.
Калверт-Луин сезонава забележа 11 погодоци во Премиер лигата на 15 меча и сите ги реализира со удари внатре во шестнаесетникот, од кои повеќето се при прв допир на топката, па затоа го оправдува прекарот „англиски Инѕаги“.
Јунајтед во своите редови ги има Рашфорд, Марсијал и Кавани од напаѓачките опции, но со купувањето на Калверт-луин дефинитивно екипата ќе добие на квалитет од кого се очекува во иднина да биде ѕвезда на англиската репрезентација.