-0.2 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Манчестер јунајтед веќе донел одлука за судбината на Џејдон Санчо

Манчестер јунајтед донел конечна одлука за иднината на Џејдон Санчо додека тој настапува како позајмен играч во Астон Вила.

Англискиот фудбалер се наоѓа во последната година од договорот со Јунајтед, а Црвените ѓаволи имаат опција да активираат продолжување на соработката за уште 12 месеци. Сепак, клубот веќе решил да не ја искористи таа можност и да не го задржи Санчо уште една сезона.

Крилниот напаѓач летоска се пресели на позајмица во Астон Вила, со надеж дека ќе ја оживее својата кариера. Но, 25-годишниот играч досега има само шест настапи како стартер во Премиер лигата и сè уште нема постигнато гол во англискиот шампионат оваа сезона. Единствениот погодок го запиша во Лига Европа во дресот на Астон Вила.

Во јануарскиот преоден рок Санчо беше поврзуван со Борусија Дортмунд и неколку турски клубови, но ќе остане во тимот на Унаи Емери до крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести