Манчестер јунајтед веќе преговара со наследникот на Аморим?

Манчестер jунајтед е во голема резултатска, но и организациска криза. Од заминувањето на Алекс Фергусон, тренерите се менуваат како на лента, а резултатите се непостојани. Трикратниот европски првак веќе 12 години чека на титула во Премиер лигата. Во моментов тимот е поблиску до зоната за испаѓање отколку до борбата за трофеј.

Рубен Аморим го презеде клубот, но и неговата позиција е неизвесна. Според најновите информации, Манчестер јунајтед веќе подготвува замена во ликот на Чави Ернандес, кој е без ангажман по разделбата со Барселона.

Наводно, Чави веќе ги означил Андре Онана, Алехандро Гарначо и Матајс де Лихт како играчи за продажба.


Тимот на Рубен Аморим во осминафиналето на Лигата на Европа се соочува со Реал Сосиедад, првиот меч заврши 1-1, додека во Премиер лигата викендов ги очекува тежок дуел против Арсенал на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести