Астон вила направи подвиг во Лигата на шампионите откако со 1:0 славеше над Баерн Минхен во Бирмингам. За Баерн ова е прв пораз во групна фаза од ЛШ по пауза од седум години, што дополнително ѝ дава значење на победата на тимот од Бирмингам.
Осоколена од оваа победа, Астон вила сега е пред нов предизвик, и тоа во Премиер лигата, каде што повторно игра пред своите навивачи, против Манчестер јунајтед. Во не толку дамнешно минато Манчестер ќе беше голем фаворит за победа, но не и сега. Тоа го знаат и играчите на Спортска прогноза, па затоа над 50 отсто од нив типуваат за триумф на Астон вила, над 20 отсто очекуваат нерешено, а помалку од една четвртина веруваат во „двојка“ за Црвените ѓаволи.
Милан, кој има два пораз во ЛШ, во првенството на Серија А ќе гостува кај Фиорентина, а две третини од прогнозерите (67 отсто), чекаат радост на Росонерите. Во понудата за ова коло има уште 11 интересни дуели од најсилните европски првенства, па предизвик за секој прогнозер е да се обиде да стигне до Среќна 13-ка, односно да ги погоди фиксовите на сите 13 пара.
Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5)
– Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари.
– Прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.
Затоа не чекајте и прогнозирајте!