Манчестер јунајтед во Гданск замина со „специјално оружје“

Манчестер јунајтед сака сезоната ќе ја заврши со трофеј и тоа тој во Лигата на Европа. Црвените ѓаволи отпатуваа кон Гданск, каде утревечер ќе го играат финалето против Вилјареал.

Освен фудбалерите и стручниот штаб, место во авионот на англискиот гигант имаше и за легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон. Популарниот Ферги пред осум години ја напушти тренерската функција во Манчестер, но остана да биде дел од тимот и да ја следи екипата на сите големи натпревари.

Манчестер јунајтед се надева дека ќе го повтори успехот од 2017 година кога се радуваа на трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Сепак, тоа воопшто нема да биде лесно, затоа што против себе го имаат Унаи Емери, тренерот кој го доби прекарот „Господин Лига на Европа“. шпанскиот стратег веќе три пати бил шампион во ЛЕ и тоа во сите три случаи како тренер на Севилја (2014, 2015 и 2016 година).

 

 

- Оглас -

Најнови вести