Манчестер јунајтед во следните неколку недели ќе биде без еден од клучните играчи

Манчестер јунајтед против Евертон прими гол буквално во последната секунда и наместо посакуваните три бода, на крајот освои само еден бод, играјќи 3:3. На овој меч освен што загуби два планирани бода, Црвените ѓаволи останаа и без еден од најдобрите фудбалери, Пол Погба.

Францускиот играч за врска заработи повреда на бутниот мускул, а по направените прегледи, потврдено е дека се работи за посериозна повреда.

„Тоа е повреда која бара мирување од неколку недели. Пол веќе започна да работи со медицинскиот тим и ќе се обиде да се врати во најбрз можен рок. Секако дека Погба е важен играч во нашата игра и затоа не сакаме да ризикуваме со него. Ќе се врати на терен кога ќе биде целосно закрепнат“, рече менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гупер Солскјер, пред утрешниот меч против Вест хем во осминафиналето на ФА купот.

Норвешкиот стратег вели дека негова цел е да ги донесе сите можни трофеи на „Олд Трафорд“.

„Секогаш нашата цел е освојување на трофеи. Сакаме да победуваме во сите турнири, без разлика дали е тоа во ФА купот, Лигата на Европа или Премиер лигата. Минатата година стигнавме до полуфиналето на ФА купот, а сега се надеваме дека ќе играме во финалето и дека ќе го освоиме трофејот“, додаде Солскјер.

 

- Оглас -

Најнови вести