Манчестер јунајтед знае да победува и без Роналдо во составот (Видео)

Манчестер јунајтед го продолжува патот кон својата 13-та титула во ФА купот откако вечерва на свој терен ја совлада Астон вила со 1-0. Стрелец на голот беше Скот Мектоминеј уште во осмата минута од натпреварот.

Астон вила даде гол за 1-1, но беше поништен по прегледување на снимка во ВАР-собата. Вила не го освоила ФА купот уште од далечната 1957 година. Тимот од Бирмингам во премиерлигашкото гостување во септември на „Олд Трафорд“ го победи Манчестер јунајтед со 1-0, но вечерва Црвените ѓаволи без Кристијано Роналдо во составот се реваншираа на ист начин.

Јунајтед има серија од десет победи по ред на домашен терен во ФА купот, а и следниот меч од четвртото коло ќе го игра дома, против Мидлсборо.

Ако не освои трофеј сезонава, Манчестер ќе направи пет години без никаква титула и тоа ќе биде нивна најдолга низа од 1977-1983, кога шест години не освоија ништо.

https://twitter.com/i/status/1480632607217831938

- Оглас -

Најнови вести