3.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Манчестер ќе доведе 18-годишен тинејџер како замена за Доргу?

Манчестер јунајтед спои две победи во дерби-мечевите против Сити и Арсенал, но го загуби Патрик Доргу, кој беше еден од најдобрите на теренот и постигнуваше по еден гол во двата меча. Данскиот репрезентативец заработи повреда поради која се очекува да паузира два и пол месеца, што значи дека Манчестер јунајтед може да бара замена за Догру во овој период.

До крајот на јануарскиот преоден рок останува уште малку време, но можно е Манчестер јунајтед да успее да го доведе младиот 18-годишен Мохамед Кадер Мејте. Тој е талентиран тинејџер кој игра во офанзивниот дел на францускиот прволигаш Рен.

Мејте е класична „деветка“, односно игра во шпицот на нападот и сигурно не би бил директна замена за Доргу, но, секако, би можело да се префрли на страничната линија доколку се реализира трансферот на „Олд Трафорд“.

Тинејџерот е У21 репрезентативец на Франција, а сезонава во дресот на Рен постигна три гола во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести