32.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Манчестер ќе се чува за финалето во ЛЕ, Лацио ќе му „пушти“ на Сасуоло

1004 Вулверхемптон – Манчестер јунајтед (17 ч.)

Манчестер јунајтед го обезбеди второто место, а и фактот дека во последните 10 дена одигра три меча, е доволен знак дека на Црвените ѓаволи им е потребен одмор, посебно пред финалето во Лигата на Европа, кое ги чека за три дена. Вулверхемптон има солиден тим, а тоа го покажуваат и последните осум меѓусебни средби.

Манчестер и Волците имаат по две победи, а дури четири средби завршиле нерешено. На последните пет дуели на овие екипи немало повеќе од еден гол. Реално, Манчестер нема мотив да го игра овој дуел и победа на домаќините е реална опција.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

3008 Сасуоло – Лацио (20:45 ч.)

Лацио е сигурен на шестото место и ќе игра во Лигата на Европа, а таму сака да биде и Сасуоло. Домаќините со победа може да стигнат до 62 бода и да ја прескокнат Рома која треба да киксне на гости кај Специја.

Ако се знае ривалството на Рома и Лацио, Небесносините сигурно нема многу да се замараат на дуелот со Сасуоло и може да си дозволат луксуз да загубат. Лацио ги загуби последните три средби на гости и сега може да очекуваме ист епилог.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

1010 Лестер – Тотенхем (17 ч.)

Лестер е со шанси да игра во Лигата на шампиони, додека Тотенхем сака да игра во Лигата на Европа. Дуел на кој нема да има многу калкулации и двете екипи треба да нападнат. Ако се знае дека двата клуба негуваат офанзивна игра, головите треба да ги има.

На последните 10 средби на овие екипи секогаш имало барем два гола, а сега се очекуваат и повеќе од тоа. Ризично е да се игра на фикс, но погодоци во двете полувремиња се реална опција.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.63)

 

1557 Брага – Бенфика (21:30 ч.)

Кога се игра финале на Куп, јасно е дека може да има многу калкулации и дека дури и еден потег може да биде решавачки за тоа кој ќе се радува на трофејот. Брага дури седум пати во последните 10 меча одигра 0-2 гола, а само три пати едвај имало три погодоци.

Бенфика е во одлична форма и има 13 победи во последните 15 меча, но сепак ова е финале и изненадувања секогаш се можни. Во последните 10 меѓусебни средби немало реми (Бенфика има 7 победи, Брага се радувала три пати).

Предлог тип:0-1 I & 0-1 II (2.40)

 

1812 Кил – Дармштат (15:30 ч.)

За домаќините ова е меч по кој треба да слават влез во Бундеслигата. Кил е втор со 62 бодови и победа ќе значи дека е нов член на елитата. Дармштат има четири победи по ред, но реално сега немаат мотив да го расипат славјето на Кил.

Дармштат на гости е одличен и има само шест порази во 16 средби, но Кил игра сигурно дома и досега се радуваше на 11 триумфи во 16 дуели. Двете екипи негуваат офанзивен стил на игра и се очекуваат погодоци, а на крајот домаќините да се радуваат.

Предлог тип: 1&3+ (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести