Манчестер на „Камп ноу“ тргна како во Париз: Рашфорд погоди дирек по 32 секунди игра

Манчестер јунајтед мора да даде гол на „Камп ноу“ против Барселона ако сака да се надева на пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ започнаа одлично и само по 32 секунди ја имаа првата голема шанса за погодок. Рашфорд се најде сам пред голманот Марк-Андре тер Штеген, но неговиот удар заврши во дирекот.

Овој старт на мечот во многу нешта потсети на првите неколку минути на Манчестер јунајтед на гостувањето во Париз против ПСЖ во претходното коло, кога Англичаните дадоа гол само по 2 минути игра. Тогаш Јунајтед успеа да стигне негатива од 0-2 и победи на гости со 3-1.

Сега на „Камп ноу“ има заостанување од 0-1 против Барселона. Покрај пречката, Манчестер во првите 6 минути имаше уште 2-3 добри шанси за погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести