На Манчестер јунајтед му е судбина да игра против шпански екипи во Лигата на Европа сезонава, Црвените ѓаволи за ривал во четвртфиналето ја добија Севилја.
Јунајтед играше со Сосиедад во група, потоа ги елиминира Барселона и Бетис, а сега ќе има двобој со опасната Севилја. Англискиот тим, кој е главен фаворит за титулата во ова натпреварување, ако ја мине Севилја, потоа би играл со Јувентус или Спортинг Лисабон, што значи дека не е можно финале во Будимпешта помеѓу двата главни фаворити Јунајтед и Јуве.
Двојките за четвртфиналето во ЛЕ се: Манчестер јунајтед – Севилја, Јувентус – Спортинг, Баер Леверкузен – Ројал Унион Сен Жилоа, Феенорд – Рома.