Манчестер против Арсенал сака да заокружи 10-ка на гости, но дали „топчиите“ ќе дозволат?

Арсенал – Манчестер јунајтед (17:30 ч.)

Некогаш беше дерби за титулата во Англија, а сега е дерби на два тима кои се борат за место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона. Манчестер има еден бод повеќе и поради тоа е на посакуваната четврта позиција, но тоа може да се смени уште денеска, доколку „топчиите“ ги освојат трите бода. Освен овие два тима, за место во ЛШ се борат и Тотенхем и Челзи, што значи дека до крајот на сезоната ќе биде неизвесно кои два клуба ќе се радуваат, а кои два ќе испаднат од оваа трка.

Ривалството кое трае веќе трет век досега има донесено вкупно 230 меча на денешните противници. Манчестер е поуспешен и има 97 победи, Арсенал се радувал на 81 меч, а 51 средба завршила без победник. ВО изминативе четири месеци, ривалите се сретнаа два пати. На „Олд Трафорд“ беше 2:2, а потоа во меч од ФА Купот, Манчестер славеше со 3:1 во Лондон. Разликата на овие две средби што се однесува до Манчестер е тоа што тимот го предводеше различен тренер. Жозе Мурињо не успеа да победи дома, а кога Манчестер победи на гости, на клупата беше Оле Гунар Солскјер.

Токму Солскјер е најсилното оружје за Јунајтед. Откако дојде норвешкиот стратег на клупата, Манчестер постави клупски рекорд и има девет победи во низа на гостински терен во сите натпреварувања. Освен Арсенал, на гости беа победени и Тотенхем, Челзи и Пари Сен Жермен.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.25) – квота на денот во Sport Life

 

Интер – СПАЛ (15 ч.)

Домаќинот игра во многу променлива форма, но никако не смее да си дозволи кикс од противник како СПАЛ. Во 12 меча на „Џузепе Меаца“ сезонава Интер има осум победи и само два порази, а СПАЛ има осум порази на 13 гостувања сезонава во Серија А.

Интер мора да ги освои трите бода за да остане сигурен на четвртото место на табелата кое води излез во ЛШ. СПАЛ е со пет бода повеќе од Болоња и е мирен од зоната за испаѓање, па во Милано и да загуби нема да биде прекногу страшно.

Предлог тип: 1&3+ (2.30) – квота на денот во Sport Life

 

Валјадолид – Реал Мадрид (20:45 ч.)

Речиси и да не се памти кога Реал Мадрид имал четири порази во последните пет меча и тоа сите неуспеси да му се на домашен терен. Кралскиот клуб имаше многу тешки две недели, во кои остана речиси без шанса за освојување трофеј. Првенството е единствено на кое сега треба да се фокусира гигантот, а Валјадолид е противник по мерка.

Реал победил на седум од последните осум меѓусебни дуели, а фактот дека Валјадолид е еден од најслабите домаќини сезонава во Примера, дава потврда дека Кралевите ќе се радуваат.

Предлог тип: 2&1+ пп (2.10) – квота на денот во Sport Life

 

Челзи – Вулверхемптон (15:05 ч.)

Ниту еден од досегашните 11 меѓусебни меча не завршил нерешено, па традицијата ќе ја следиме и сега (девет победи на Челзи и два триумфи на Вулвс). На „Стемфорд Бриџ“, домаќинот секогаш ја има фаворитската улога, но гостите знаат да бидат опасни. Иако е дуел на шесто и седмопласираниот тим, разликата на табелата е дури 13 бодови во корист на Челзи. Двата тма негуваат офанзивен фудбал, па затоа се очекува да има и голови.

Предлог тип: 1&ГГ (3.60)

 

Хановер – Баер Леверкузен (18 ч.)

Во последните 10 меѓусебни средби Баер Леверкузен има седум победи и три нерешени, но интересно е што Хановер есеноска на гости одигра 2:2. Домаќините имаат многу проблеми со повредени играчи, а и фактот дека се речиси откажани од борбата за опстанок, ги прави „фармацевтите“ апсолутни фаворити.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.55)

 

- Оглас -

Најнови вести