Манчестер против Астана во составот има 10 играчи кои никогаш не заиграле за првиот тим

Манчестер јунајтед ќе гостува кај Астана во Казакстан со тим за кој веројатно и во Англија не го слушнале. Менаџерот на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер се реши на ова гостување да одведе само 18 играчи од кои дури 10 се фудбалери кои никогаш досега не заиграле во сениорскиот тим на Манчестер јунајтед.

Џеси Лингард и Лук Шоу се единствените двајца фудбалери кои може да се пофалат со повеќе од 20 настапи за Манчестер и тие се најискусните во овој состав за мечот против Астана. Уште сега се знае дека играчите на У23 составот, Етхан Лирд, Ди’Шон Бернард (двајцата дефанзивци) и Дилан Левит (среден ред) ќе дебитираат против Астана.

Од оние кои никогаш досега не играле за сениорскиот тим, а се на списокот на играчи против Астана, тука се: голманот Матеј Ковар, дефанзивците Теден Менги и Макс Тејлор, играчите од среден ред Етан Галбрајт и Арнау Пугмал, како и напаѓачите Д’Мани Мелор и Ларџи Рамазани.

Покрај тројцата дебитанти кои се потврдени, во стартниот тим треба да бидат и Шоу, Туанзебе, Јингард, а на голот да биде Ли Грант. Тоа значи дека енигма остануваат имињата на уште четворица стартери. Доколку се случи да има шестмина дебитанти во првиот тим, тоа ќе биде клупски рекорд поставен уште од времето на Првата светска војна.

Во последниве 100-тина години, петмина дебитанти е максимумот на играчи кои стартувале на еден меч. Последен пат тоа се случило во 2015 година на дуелот Манчестер јунајтед – Тотенхем одигран на „Олд Трафорд“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести