Манчестер секогаш е фаворит на „Олд Трафорд“

Рома – Порто (21 ч.)

Овие два тима досега играле четири пати, а интересно е што Рома никогаш не победила. Порто се радувал два пати, а два дуели завршиле без победник. „Римската волчица“ не само што не се радувала на триумф, туку во 360 минути игра, има дадено само еден гол, што е премалку.

Пред две години играа во плеј-офот за пласман во групната фаза од ЛШ, а Порто беше поуспешен. Дуелот во Португалија заврши 1:1, но потоа на реваншот во Рим, Порто победи со 3:0, па Рома остана без настап во ЛШ. И во далечната 1981 година Порто ја елиминираше Рома, но тогаш во Купот на куп победници со вкупно 2:0 по двата меча.

Во осминафиналната рунда од ЛШ, Рома досега три пати поминала понатаму, а три пати била елиминирана. Минатата сезона „римската волчица“ одигра одлично во ЛШ, кога во четветфиналето ја елиминираше Барселона, но потоа загуби од Ливерпул во полуфиналето.

Порто е тимот кој во групната фаза сезонава освои најмногу бодови. Португалскиот гигант заврши со 16 од можните 18 поени. Сепак, кога игра во нокаут фазата од осминафиналето, Порто во 10 обиди, само три пати успеал да помине понатаму.

Предлог тип: 1-3&1-3 (2.05) – квота на денот во Sport Life

 

Манчестер ј. – ПСЖ (21 ч.)

По секоја логика според составите на двата тима, резултатите во текот на цела сезона, ПСЖ треба да е фаворит на „Олд Трафорд“. Сепак, францускиот првак во најлош можен момент гостува кај најтрофејниот англиски клуб. „Светците“ ќе бидат без Нејмар и Кавани, а Манчестер моментно е во одлична форма и има 10 победи и едно реми во последните 11 средби во сите натпреварувања.

Лигата на шампионите е нешто посебно, но ако се гледа таа традиција и историја, „црвените ѓаволи“ се многу подобри. На „Олд Трафорд“ ретко кој успеал да победи на вака значаен меч од нокаут фазата.

Предлог тип: 1X&ГГ (2.35) – квота на денот во Sport Life

 

Фенербахче – Зенит (18:55 ч.)

Неверојатно во каква криза сезонава е турскиот гигант. Во турското првенство, по 21 одигран меч има само 23 бодови и е на еден бод од зоната за испаѓање. Токму затоа, Фенербахче ќе треба повеќе да се фокусира да не направи историски дебакл и да испадне од првенството, отколку да гледа како ќе одигра во Лигата на Европа.

Зенит веќ два месеци нема натпреварувачки дуел. Руското првенство заврши во декември, кога финишираше и групната фаза од ЛЕ. Русите сигурно се многу посвежи, а формата ја темпираат преку пријателски средби, но тоа може да биде и проблем. Досега никогаш овие два тима не играле меѓусебе.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

Бристол сити – КПР (20:45 ч.)

Бристол е во неверојатна форма и има осум победи по ред, а на последните 14 меча е со биланс од 10 победи и четири реми. Интересно е што на 13 од 14 средби, Бристол не дал повеќе од два гола. За разлика од домаќините, Квинс Парк Ренџерс се во лоша серија и имаат четири порази во низа. Фактот дека се во многу подобра форма, дека играат на свој терен и дека мотив им е да се изборат за место во Премиер лигата, дава многу поголеми шанси за победа на домаќинот.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

Милвол – Шефилд В. (20:45 ч.)

Милвол победи во првенството на 1 јануари 2019 година, но од тој момент заборави што е радост во Чемпионшип. Токму поради тоа, Милвол падна на 20 место и е на само четири бода од опасната зона. Дека можат да победат кога ќе бидат екстра мотивирани, домаќините покажаа во Фа Купот, кога пред две недели го елиминираа Евертон со 3:2. Шефилд знае да биде опасен гостин, но фактот дека на домаќинот му се повеќе од потребни три бода, предноста ќе биде за Милвол.

Интересно е што двата тима имаат иста гол разлика од 34 дадени и 45 примени голови, но Шефилд има освоено девет бодови повеќе во првенството.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.76)

 

- Оглас -

Најнови вести