Манчестер си поигра со Њукасл и продолжи 89-годишна традиција (Видео)

Њукасл поведе со 1-0, но брзо беше нокаутиран и Манчестер јунајтед предводен од Антони Марсијал, кој првпат даде два гола на „Олд Трафорд“, го победи тимот од северот на Англија со 4-1.

Јунајтед од 1978 наваму нема пораз на Боксинг деј. Тие не играле секогаш на 26 декември во овие 41 година, но кога играле, најчесто победувале, многу поретко ремизирале, но никогаш не губеле.

Манчестер јунајтед е ефикасен пред Нова година, за првпат од 30 декември 2018 наваму Црвените ѓаволи успеаја да постигнат три гола во едно полувреме. Јунајтед треба да го загрижи што 14 меча по ред прима гол.

Марсијал секогаш дава гол против Њукасл на „Олд Трафорд“, пропушти да стане првиот играч на Манчестер со хет-трик по Робин ван Перси од 2013 година, а неславен рекорд постави Скот Мектоминеј, кој доби жолт картон само по 24 секунди и тоа е најбрзото пожолтување откако се собираат вакви податоци, а тоа е од 2006 година наваму.

Њукасл поведе со голот на Лонгстаф, кој го даде победничкиот гол за Чавките на 6 октомври во дуелот со Јунајтед. Њукасл дури 89 години не успеал двапати во сезонава да го победи тимот од Манчестер и тој е тим кој има 14 порази на Боксинг деј, повеќе од кој било друг во Англија.

Најубавиот гол на средбата беше дело на Мејсон Гринвуд, кој за 426 минути во дресот на Манчестер го изедначи билансот на погодоци кој Алексис Санчес го имаше за 1.923 минути игра.

https://twitter.com/i/status/1210265199455944706

- Оглас -

Најнови вести