Англискиот шампион не губи во големото дерби што ќе биде скромно со голови

1004 Манчестер сити – Челзи (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)

Овој меч што е дерби во Премиерлигата може да го одлучи и шампионот на Англија, ако домаќините победат.

Актуелниот првак има 10 бода предност пред Челзи и 13-ка би била недостижна разлика до крајот на шампионатот, во кој кандидат за шампионската круна е уште само Ливерпул.

И двете екипи имаа долги серии без пораз, а гостите се подобри со 11 натпревари на кои победувале, или ремизирале, а Сити моментно брои 7 меча без пораз.

И двете екипи имаат по неколку важни адути што нема да играат, последните два меча завршија со победи на двете екипи од по 1:0, па малку голови ќе има и денеска на „Етихад“, а домаќинот е благ фаворит.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.75)

 

1009 Астон Вила – Манчестер јунајтед (Премиерлига, Англија, 18.30 часот)

Астон Вила со победа од 1:0 и тоа на „Олд Трафорд“ лани во септември прекина една неверојатна серија на Манчестер јунајтед од 17 меѓусебни дуели во Премиерлигата без пораз.

Црвените ѓаволи се разнишани со лоши игри во континуитет, а и Ралф Рангник не е дочекан како што се очекуваше и трпи критики на почетокот на својот мандат како тренер на Јунајтед.

Двете екипи играа пред пет дена во ФА купот и Црвените ѓаволи победија со 1:0. Астон Вила е незгодна екипа што најави големи потфати и засилувања во 2022 година, но нема да го победат Манчестер јунајтед денеска во меч со малку голови.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.96)

 

3003 Јувентус – Удинезе (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Во Торино Јувентус има шест победи по ред во пресметка на две екипи чиј симбол е „црно-белата“ боја.

Удинезе имаше многу поплаки на раководството на Серија А за одбивањето да им го одложат мечот со Аталанта во претходното коло, што го загубија со 2:6.

И Јувентус се жалеше по поразот од Интер во Суперкупот, со одлучувачкиот гол на Алексис Санчес во 121. минута од продолженијата, или во последен миг од долгото финале што траеше над два часа.

Ова е меч за рехабилитација, а најтрофејната екипа во Италија, Јувентус е голем фаворит.

Предлог тип: 1&Т12+ (1.69)

 

1802 Келн – Баерн Минхен (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)

Баерн го гази Келн во меѓусебните дуели и има дури 8 победи по ред против популарните Јарци и дури 19 дуели во низа е непоразен против денешниот ривал.

Келн е во добра форма со три победи по ред во Бундеслигата и со оптимизам го чека шампионот на Германија.

Баерн има доста проблеми со Ковид и со повреди, но има одлични резерви и моќен ростер, па и во таква ситуација е фаворит.

Келн може да му даде гол на шампионот, но ќе загуби и по деветти пат по ред.

Предлог тип: 2&ГГ (2.35)

 

1807 Борусија Менхенгладбах – Баер (Бундеслига, Германија, 18.30 часот)

Во еден од дерби дуелите на 19. коло во Бундеслигата ќе играат Борусија Менхенгладбах против Баер Леверкузен, а најавата е дека ќе има голеада на „Борусија Парк“.

Домаќините имаат лоша одбрана што прими 33 гола на 18 натпревари и само последниот Гројтер фурт со 49 примени погодоци и Херта со 38 имаат плоша дефанзива сезонава.

Борусија има добри напаѓачи, но нешто не штима во тимот што лани беше осмопласиран во германското првенство.

Баер сосема спротивно го има третиот најдобар напад со 42 гола и само лидерот Баерн со 57 погодоци и второпласираната Борусија Дортмунд со 49 се поефикасни од нив.

Готите ќе играат без неколку важни играчи, меѓу кои особемно ќе фалат Арангиз, Амири, Паласиос, Паулињо и Баумгартлингер, па најдобро е да се одигра на голови.

Предлог тип: 4+(2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести