26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Манчестер сити беше оштетен во дуелот против Барселона, судиите не признаа чист погодок (Видео)

Манчестер сити има прилично лош подготвителен период во САД. Англискиот првак загуби во сите три меча кои ги одигра досега. граѓаните беа поразени од Милан и Селтик, за да во последниот меч одигра 2:2 против Барселона, а потоа загуби на пенали.

Сепак, Сити можеше и да победи против каталонскиот гигант посебно ако судиите не направија една кардинална грешка. При резултат 0:0, Ерлинг Халанд биеше од близина, голманот се обиде да одбрани, но топката очигледно со целиот обем влезе зад гол-линијата.

Иако беше гол, ниту помошникот судија, ниту главниот арбитар не го забележаа тоа и играта продолжи. Халанд не се бунеше многу затоа што сепак се работи за контролен меч, на кој немаше употреба ниту на ВАР системот, ниту на гол-линија технологијата.

https://twitter.com/i/status/1818537191611437430

- Оглас -

Најнови вести