7.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Манчестер сити без многу мака го победи Салфорд во ФА купот

Манчестер сити обезбеди место во следната рунда на ФА купот, откако славеше со 2-0 над Салфорд сити, клуб кој настапува во третата лига на англискиот фудбал.

Дури и со комбиниран состав, Граѓаните очекувано доминираа. Тимот, кој се бори за титула во Премиер лига, поведе во шестата минута со автогол на Дорингтон, а победата ја потврди Марк Гехи со својот дебитантски гол во второто полувреме.

Во другите натпревари, Мансфилд приреди изненадување и со 2-1 го совлада Барнли за место во следната фаза на ФА купот, додека Норич победи пред својата публика со 3-1 против Вест Бромвич Албион.

- Оглас -

Најнови вести