Менaџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, потврди дека Родри сè уште не е целосно опоравен и нема да биде дел од составот за неделното гостување кај Астон Вила. Дополнителна загриженост предизвикува неизвесноста околу настапот на Нико Гонзалес, кој во последните натпревари ја извршуваше улогата на дефанзивен играч за врска.
Родри е надвор од игра од почетокот на октомври, кога заработи повреда во текот на победата над Брентфорд со 1-0. Тој пропушти два натпревари, против Евертон во Премиер лигата и против Виљареал во Лигата на шампионите.
Гвардиола не прецизираше точен рок за неговото враќање, нагласувајќи дека процесот на опоравување сè уште трае.
„Фудбалерите кои не беа достапни за дуелот со Вилјареал сè уште не се подготвени“, изјави Гвардиола.
Нико Гонзалес, кој го замени Родри во дефанзивниот дел од средниот ред, беше заменет по околу еден час игра од Матео Ковачиќ поради физички проблем. Гвардиола потврди дека неговиот настап против Астон Вила е сериозно неизвесен, а медицинскиот тим ќе го следи неговиот напредок во наредните два дена.
Манчестер сити моментно има пет победи во осум кола и се наоѓа на второто место во Премиер лигата, само три бода зад лидерот Арсенал.

