Манчестер сити би се борел за опстанок ако се гледа посетеноста на стадионите во Англија!

Актуелниот англиски првак Манчестер сити добива сѐ пореални шанси дека може да го одбрани тронот во Премиер лигата. Граѓаните сега се само четири бода зад лидерот Арсенал, но имаат и еден меч помалку, што значи таа негатива може да биде намалена на само еден бод.

Сити веќе неколку години доминира во Англија, клубот освојува трофеи, но сепак, ако се гледа просекот на исполнетост на стадионите на кои играат премиерлигашите, шампионот е при дното. Прв на оваа листа е Фулам кој на секој меч на домашен терен има 100 отсто исполнетост. Ова и не е толку чудно ако се знае дека стадионот „Кревин Котиџ“ во Лондон собира само 22.384 гледачи и секогаш е исполнет до последно место.

Второто место, веднаш зад Фулам е резервирано за Вест хем со 99,9 отсто исполнетост. На дуелите на Чеканите како домаќини во просек има 62.458 гледачи. Њукасл на својот стадион сезонава во просек го гледаат 52.243 гледачи што е 99,8 отсто исполнетост. Потоа следуваат:

Тотенхем во просек го гледаат 61.630 гледачи (99,3 отсто исполнетост на трибините)

Арсенал во просек го гледаат 60.205 гледачи (99,2 отсто исполнетост на трибините)

Евертон во просек го гледаат 39.221 гледачи (99,1 отсто исполнетост на трибините)

Брентфорд во просек го гледаат 17.077 гледачи (99 отсто исполнетост на трибините)

Брајтон во просек го гледаат 31.450 гледачи (98,9 отсто исполнетост на трибините)

Манчестер ј. во просек го гледаат 73.886 гледачи (98,7 отсто исполнетост на трибините)

Лестер во просек го гледаат 31.815 гледачи (98,6 отсто исполнетост на трибините)

Ливерпул во просек го гледаат 53.230 гледачи (98,4 отсто исполнетост на трибините)

Вулверхемптон во просек го гледаат 31.477 гледачи (98,2 отсто исполнетост на трибините)

Челзи во просек го гледаат 39.997 гледачи (97,9 отсто исполнетост на трибините)

Астон вила во просек го гледаат 41.688 гледачи (97,7 отсто исполнетост на трибините)

Манчестер сити во просек го гледаат 53.203 гледачи (96,7 отсто исполнетост на трибините)

Лидс во просек го гледаат 36.507 гледачи (96,4 отсто исполнетост на трибините)

Кристал палас во просек го гледаат 25.018 гледачи (96,1 отсто исполнетост на трибините)

Нотингем форест во просек го гледаат 29.177 гледачи (95,8 отсто исполнетост на трибините)

Саутхемптон во просек го гледаат 30.461 гледачи (94,1 отсто исполнетост на трибините)

Борнмут во просек го гледаат 10.288 гледачи (90,8 отсто исполнетост на трибините)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести