Манчестер сити со победа од 2-0 против Видад Казабланка стартуваше на Светското клупско првенство.
Ова беше меч од групата во која се и Јувентус и Ал-Аин, а стрелци на головите беа Фил Фоден и Жереми Доку.
Фоден погоди во втората минута, потоа мароканскиот тим се закани, но погодокот на Доку во финишот на првото полувреме по нафрлувањето на Фоден од корнер ги реши дилемите околу победникот.
Потоа Сити си ги штедеше силите, а во средината на вториот дел имаше период од 10 минути без шут на едната или другата страна, па публиката не уживаше во спектакл, но барем фановите на Видад беа гласни во своето навивање и ги спречија останатите да не заспијат.
Во финишот Рико Луис доби директен црвен картон откако закачи противнички играч в лице при еден лизгачки старт.