Сити добива шанса да му се одмазди на Тотенхем!

Манчестер сити и Тотенхем го одиграа можеби највозбудливиот меч во Лигата на шампионите, а на крајот „граѓаните“ победија со 4-3, но лондончани се радуваа на влез во полуфиналето на елитната лига на УЕФА. Сити уште долго ќе жали, посебно што во 92-рата минута даде гол за 5-3, резултат кој ќе го оставеше во Лигата на шампионите, но големата радост ја спречи судијата кој го поништи тој погодок поради офсајд.

Сега на Сити му остана да се фокусира на настапите во Премиер лигата, каде што е во трка за титулата со Ливерпул. Првиот предизвик за „граѓаните“ по елиминацијата од ЛШ, повторно е Тотенхем. Дуелот повторно се игра во Манчестер, а бодовите се важни за двата тима. Ако Сити се бори за титулата, на Тотенхем важен му е секој бод во трката за пласман на место кое води во Лигата на шампионите.   

 

- Оглас -

Најнови вести