Актуелниот англиски, европски и светски првак Манчестер сити доминира во изборот на наградите „Најдобриот“ на Светската фудбалска федерација ФИФА. Во најдобриот тим, доминираат фудбалерите на Граѓаните со дури шест играчи.
Најдобриот тим во необична формација 3-3-4 го сочинуваат Тибо Куроа (Реал Мадрид) – голман; Џон Стоунс (Манчестер сити), Кајл Вокер (Манчестер сити), Рубен Дијас (Манчестер сити) – одбрана; Бернардо Силва (Манчестер сити), Џуд Белингам (Реал Мадрид), Кевин де Брујне (Манчестер сити) – среден ред; Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Килијан Мбапе (ПСЖ), Лионел Меси (Интер Мајами) и Винисиус јуниор (Реал Мадрид).
За најдобар тренер, очекувано е избран Пеп Гвардиола кој го предводи актуелниот англиски, европски и светски првак. Во женска конкуренција најдобар тренер е Сарина Вигман која ја предводеше Англија до финалето на СП 2023.