Неколку пати имаме објавувано за интересната традиција која трае од 2013 година наваму, а тоа е титулата во ЛШ секогаш да ја освојува тим кој во својот состав има барем еден Хрват.
Од четирите тима кои останаа во трка за трофејот, само Манчестер сити нема Хрват и ако традицијата продолжи и десетта сезона по ред, Граѓаните ни годинава нема да се искачат на европскиот врв.
Реал Мадрид го има Лука Модриќ, во Интер е Марцело Брозовиќ, а Анте Ребиќ е Хрватот кој може да му донесе среќа на Милан.
Финалето во 2011 година беше последно на кое немаше Хрват во ниту еден од тимовите, а во 2012 година имаше Хрвати, но загубија. Од 2013 до 2022 година секогаш имаше Хрват(и) во шампионските тимови.
Таа низа пред девет години ја почна Манџукиќ со Баерн, ја продолжи Модриќ со Реал, следуваше Ракитиќ со Барселона, па Модриќ и Ковачиќ трипати по ред со Реал, дојде редот и на Ловрен како играч на Ливерпул, па Перишиќ со Баерн, преклани Ковачиќ со Челзи, а лани пак Модриќ и Реал.