На половина од рокот за типување за осмото коло сезонава од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, може да се насети дека за поголем број играчи Манчестер сити е фаворит против Ливерпул.
Премирлигашкото дерби се игра в недела, а 62 отсто од играчите на Спортскаta прогноза кои досега се изјасниле веруваат во победа на домашните. Само 15 проценти типувале победа на актуелниот шампион.
За саботното дерби Тотенхем – Манчестер јунајтед кое се игра од 13.30 часот, и тоа е крајниот термин до кој може да типувате, поделеноста е голема. Победа на Спарси очекуваат 39 проценти, а 34,5 отсто веруваат во Црвените ѓаволи, за нерешено процентот е помал отколку за кец или двојка.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари од основната понуда без двете резерви ќе добие подарок iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.


