Попладнево во 18 часот започнува осминафиналната фаза на Светското клупско првенство во САД, а до тогаш ќе може и да типувате кој ќе го освои натпреварувањето.
Фаворит број еден за освојување на клупскиот Мундијал според квотите во Sport Life е екипата на Манчестер сити со квота од 4.00, а веднаш позади нив е ПСЖ со 4.50. Трет фаворит е Реал Мадрид со квота од 6.00, додека едноцифрена квота за освојување на Светското клупско првенство има и Баерн Минхен (8.00).
Од неевропските екипи, највисоко котира Палмеирас со квота од 27.00, додека најмали шанси за освојување на клупскиот Мундијал има Интер Мајами (125.00).