Манчестер сити е највреден клуб во Премиер лигата

Според последните студии на Центатрот за спортски бизнис при Универзитетот на Ливерпул, Манчестер сити е највреден клуб во Премиер лигата. Граѓаните оваа титула ја презедоа од градскиот ривал Манчестер јунајтед, кој седеше на тронот во изминативе години.

Вредноста на Сити е 2.364.000,00 фунти, а Јунајтед е вториот клуб кој ја надмина бариерата од два милијарди фунти. Следува Тотенхем со вредност од 1.830.000,00 фунти, Челзи и Ливерпул се изедначени на 1.615.000,00 фунти, а од големата „шестка“ Арсенал е последен со вредност од 1.368.000,00 фунти.

Топ 6 екипите од Англија сочинуваат речиси три четвртини од вкупната вредност на сите премиерлигаши, односно на самата лига. Од вкупно 14.700.000,00 фунти, 10.900.000,00 се од најдобрите шест тимови. Сепак, според студиите, вредноста на Премиер лигата во однос на минатата сезона паднала за 1,6%.

Вредноста на Манчестер сити порасна поради почестата посетеност на „Етихад“, како и успехот во изминативе неколку години. На другата страна, пак, „тежината“ на Манчестер јунајтед падна поради зголемените плати на фудбалерите дури за 13% од пред една година. Најголем виновник за тоа е Алексис Санчес, кој неделно заработува околу половина милион фунти со самата плата и неколку бонуси.

- Оглас -

Најнови вести