Манчестер сити е противникот на Тотенхем во финалето на Лига купот

Манчестер сити победи на „Олд Трафорд“ против градскиот ривал Манчестер јунајтед со 2:0, во полуфиналето на Лига купот. Со овој триумф Граѓаните си обезбедија место во финалето на Купот, каде ќе играат против Тотенхем, кој синоќа обезбеди место во мечот кој ќе решава за трофејот.

По првото полувреме немаше погодоци, а на стартот од вториот дел, гостите со голот на Стоунс поведоа со 1:0. Сите надежи на Јунајтед дека може да стигне до финалето беа срушени во 83 минута кога Фернандињо погоди за 2:0, што се покажа и како конечен резултат.

За Сити ова е четврто финале по ред во овој Куп и е актуелен бранитен на тронот. Во финалето кое ќе се игра во април на „Вембли“ ќе имаме и пресметка на двајца врвни тренери, Пеп Гвардиола против Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести