Манчестер сити единствен има тим од милијарда евра, Реал за малку ја „тепа“ Барса

Манчестер сити е единствениот тим на светот што вреди над една милијарда евра и го има најскапиот ростер според проценките на „Трансфермаркет“.

Граѓаните тежат точно 1,02 милијарди евра на листата од 50 клубови што ја состави магазинот специјализиран за проценка на вредноста на фудбалерите и клубовите.

Според „Трансфермаркт“, сè уште актуелниот европски првак и лидер во англиското првенство, Ливерпул, со 966 милиони евра е на второто место на листата од Топ-50 клубови каде што има и најмногу екипи од Островот.

За позициите веднаш зад водечкиот двоец во Премиер лигата битка се биеше во популарното шпанско Ел Класико, а Реал Мадрид за малку ја победи Барселона.

Кралскиот клуб има играчи вредни заедно 888 милиони евра, пред вечниот ривал Барселона со проценета вредност на фудбалскиот кадар од 852 милиони евра.

На петтото место е ПСЖ со 843 милиони евра, а интересно е што италијанскиот гигант Јувентус е на 11-тата позиција, иако во својот состав го има Кристијано Роналдо, еден од најдобрите играчи на сите времиња. Старата дама е проценета на 614 милиони евра.

Топ-10 најскапи екипи според „Трансфермаркт“:

Манчестер сити – 1,02 милијарди евра

Ливерпул – 966 милиони евра

Реал Мадрид – 888 милиони евра

Барселона – 852 милиони евра

ПСЖ – 834 милиони евра

Баерн Минхен – 756 милиони евра

Атлетико Мадрид – 709 милиони евра

Тотенхем – 699 милиони евра

Челзи – 679 милиони евра

Манчестер јунајтед – 646 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести