19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Манчестер сити елиминиран на стартот од англискиот Лига куп

Актуелниот англиски првак Манчестер сити сигурно останува без еден трофеј во новата сезона откако вечерва загуби на гости кај Њукасл со 1:0 во меч од 16-финалето на Лига купот.

Алксандер Исак беше херојот на Њукасл постигнувајќи го погодокот во 53-тата минута, кој на крајот се покажа како доволен за победа на домаќините. Сити на овој меч играше во комбиниран состав и тоа се покажа како кобно за нив.

Челзи конечно постигна гол во септември и тој беше доволен да се победи Брајтон со 1:0. На почетокот на второто полувреме Николас Џекстон беше стрелец на погодокот вреден пласман во осминафиналето на Лига купот.

Еден гол му беше доволен и на Арсенал, и тоа на гости кај Брентфорд, како и на третиот лондонски клуб Вест хем, и тоа на гости кај Линколн.

Ливерпул со пресврт во второто полувреме го победи Лестер со 3:1, додека Фулам со 2:1 беше подобар од Норвич. Во останатите мечеви од 16-финалето: Астон вила – Евертон 1:2, Блекбурн – Кардиф 5:2 и Борнмут – Стоук 2:0.

- Оглас -

Најнови вести