Манчестер сити ги прифати условите на Погба, францускиот ас се исплаши

Манчестер сити ги прифатил условите на Пол Погба за да направи трансфер од лутиот ривал Манчестер јунајтед, но францускиот ас се исплашил од реакцијата на навивачите на Црвените ѓаволи и трансферот пропаднал.

Погба во последен момент сфатил дека може да има големи непријатности ако премине од едниот во другиот тим од Манчестер и одлучил да си ја побара среќата во друг клуб, објавија англиските медиуми.

Погба е слободен агент од ова лето и за него беше заинтересиран и Јувентус, клуб за којшто францускиот репрезентативец играше од 2012 до 2016 година, и тоа многу успешно.

Во приказната се вмеша Манчестер сити и сè беше договорено со Погба, но трансфер ќе нема поради стравот на францускиот репрезентативец.

 

 

- Оглас -

Најнови вести