Хари Кејн ќе игра во недела за Тотенхем против Манчестер сити, тимот што се надеваше дека ќе го купи англискиот репрезентативец во овој преоден рок.
Нуно Еспирито Санто објави дека Кејн ќе биде подготвен за настап на премиерата од новото првенство во Премиерлигата, со што пропаѓаат варијантите за негов трансфер во Манчестер сити.
Кејн долго одбиваше да се појави на подготовките на Тотенхем, ова лето, сакајќи да издејствува трансфер во редовите на актуелниот првак Манчестер сити, но сепак се приклучи на тренизните од саботата.
Ќе мора да мине одреден период во карантин, до среда, а се очекува да биде стартер за Тотенхем во недела од 17.30 часот на „Вајт Харт Лејн“ во Лондон, токму против тимот што настојуваше да го купи како големо засилување.
Дербито во Лондон ќе биде последниот меч од првото коло во новата сезона од англиското првенство.